Од идната недела максималниот износ за наплата во кеш е 500 евра

 

Од идната недела максималниот износ за наплата во кеш е 500 евра.

 

Ограничувањето на плаќање во готово до 500 евра нема да ја намали сивата економија, туку напротив може и да ја зголеми, велат бизнисмените. 

рекација за овој закон имаше и од хотелската асоијација ХОТАМ. Хотелиерите и угостителите да не смеат да наплатат сума над 30 000 денари во готово е апсурд и го отежнува нивното работење. 

Од 1 јуни согласно ланските измени на Законот за перење на пари и финансирање на тероризам, граѓаните нема да можат да купат некој производ или стока во готово ако тој е поскап од 30.000 денари. 

Објаснувањето од Министерството за финансии за ваквото законско решение е дека ќе помогне во борбата за перење пари и намалување на сивата економија што се едни од клучните барања од Европската Унија. Законот беше донесен пред една година кога прагот за плаќање во готово беше симнат од 15.000 на 2.000 евра. Потоа од 1 јануари прагот беше намален на 1.000 евра, за да од 1 јуни се намали на 500 евра.

Со европската директива која е внесена во нашиот закон, прагот е поставен на 10.000 евра, но нашата Влада одлучи многу повеќе да го намали овој праг поради поголема контрола на плаќањата. Оваа забрана важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани