Ристе Николески професорот по историја во охридската гимназија ќе „седне“ во Советот на општина Охрид, на местото на градоначалникот Константин Георгиески.
Николески беше 12 ти на листата на СДСМ на локалните избори во 2017 година, а воедно беше шеф на изборниот штаб на Георгиески на псоледните градоначалнички избори.
Николески, за Охриднет потврди дека тој е идниот советник , како дел од мнозинството во советот предводено од СДСМ.
Именувањето на нов советник во општина Охрид е меѓу првите точки на дваесет и седмата седница на Советот на општина Охрид.
Седницата е закажана за четврток 30 мај во 11 часот.
Целиот дневен ред тука