Како дел од манифестацијата Охрид Траил , утрово стартуваа двете планински трки на Галичица. Едната од Елешец другата од Свети Наум.
Стартот на големата трка од Св. Наум беше во 8 часот, а малата од автокампот Елешец во 10 часот.
Финишот на двете трки е на кејот Македонија.Учеството на големата трка од 60 километри го имаат потврдено 57 натпреварувачи, а 94 натпреварувачи ќе се појават на стартот од малата трка на 35 километри.