Започнувањето со работа на охридскиот стационар за згрижување на кучиња скитници тапка во место.
Проблем е изработката на локална урбанистичката документација, која е стопирана поради воведениот мораториум за издавање дозволи за градба.
-„Требаше да изработиме ЛУПД за Мауцкер, но поради мораториумот таа постапка е стопирана“, вели Герогиески.
-„Го решаваме тој простор со решавање на локална планска урбанистичка документација за тој комплекс меѓутоа поради мораториумот. Тоа е во завршна фаза но кога ќе заврши мораториумот таа се доставува до општината на усвојување и ќе биде ставен во функција“, вели Бранко Арнаудов раководител на Секторот за урбанизам.
Во меѓувреме проблемот со кучињата скитници не стивнува. Постојано се регистрираат нови напади на кучиња врз туристи, охриѓани, малолетници и возрасни.
