Ристе Недески од Охрид е именуван за вршител на должноста директор на Казнено поправната Установа затвор Охрид.
Неговото поставување е во склоп на именувате функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи што се во надлежност на Владата а денеска се објавени одлуките во Службен весник на Република Македонија.
Функцијата директор на Затворот Охрид, во претходните неколку години ја извршуваше Стефан Трпеноски.