На Интернационалниот Бреинобреин натпревар кој по четврти пат се одржува во Дубаи, ОАЕ, како претставници на Македонија учествуваа 10 деца од нашиот Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, предводени од тренерот на програмата.
.jpg)
Во исклучително силна конкуренција сите наши бреинобреин генијалци покажаа огромен успех и знаење и освоија награди и тоа: 2 трофеи, 7 златни и 1 сребрена медаља.
Особена вредност на ова најсилно Бреинобреин натпреварување во Дубаи дава поставувањето на Гинисов рекорд за најголем час по ментална аритметика, со учество на повеќе од 3200 учесници.
.jpg)
