Од вчера на Меѓународниот ден против насилство врз жените започна глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базираното насилство“.
„Слушни ме и мене“’ е годинашното мото на Меѓународниот ден, а кампањата која се одржува во светски рамки, почнува денеска и ќе трае до 10 декември. Целта е да се поттикне свесноста на заедницата и индивидуалниот придонес во борбата против насилството врз жените и девојките.
Портокаловата боја на кампањата ја симболизира светлата иднина без насилство врз жените.
Статистиката говори дека секоја трета жена е жртва на насилство. Само мал дел од жртвите се охрабруваат да го пријават.
И жените во политиката се соочуваат со разни облици на насилство. Имено, 55% од жените биле жртви на насилство додека извршувале партиски функции, а 46% од политичарките биле изложени на насилни закани.
Пред 17 години, Обединетите нации го утврдија 25 Ноември како Меѓународен ден за борба против насилството врз жените. Се смета дека 70 отсто од жените во светски рамки претрпеле насилство.
