Охридските пензионери најдобри на спортските игри

Во неделата на 23 јуни 2019 година,се одржаа 24.Регионални спортски натпревари од осмиот регион,а домаќин беше ЗП Струга.

Оваа здружение има спортска традиција,за организирање,бидејќи трет пат е домаќин на Регионалните спортски пензионерски натпревари и еднаш на Републичките натпревари.
На овие спортски натпреварувања учествуваа пензионери од југозападниот регион.На натпреварите учествуваа пензионери – спортисти од следните здруженија:ЗП-Струга како домаќин со 70 натпреварувачи,ЗП Охрид и Дебарца со70 натпреварувачи,
,Дебар и Центар жупа со 23,ЗП Кичево со 48,ЗП Македонски Брод со 22,Вевчани со 14 и ЗП Лабуништа со 9 натпреварувачи.

Пред отварањето,поканетите гости и учесници беа пречекани од страна на домаќинот – претседателот на ЗП Струга,Милорад Трпоски,кој воедно изврши смотра на сите спортисти,кои се натпреваруваа во 11 дисциплини:шах,домино,пикадо,кош-слободно фрлање,фудбал пенали на мали голчиња,стрелање со воздушна пушка,тегнење јаже,фрлање ѓуле,скок од место и трчање за мажи жени.
Претседателот Трпоски,исто така истакна дека за релизирање на овие 24.Регионални спортски натпревари на пензионерите,е во организација на на СЗПМ,кој ја истакна и добрата соработка со Сојузот,а посебно ја истакна соработката со здруженијата – учесници на овие спортски натпревари.

На овие регионални спортски натпревари учествуваа сите здруженија од регионот со 257 натпреварувачи,17 судии и други пензионери учесници или вкупно 300 учесници ,што се најмасовни.На крајот од своето излагање им посака убав престој и да понесат убави спомени од Струга и местото,каде што се одржаа натпреварите во рекративниот ценатар на Хотелот „Бисер“,каде што и беа угостени гостите и учесниците.Поздравни зборови до учесниците на овие регинални натпревари им упати и Марика Попоска,член на Советот на општина Охрид,која истакна дека ми причинува чест и задоволство во мое име и името на општина Охрид да ве поздравам и да Ви посакам голем уапех на овопгодишното издание на Регионалните спортски игри за пензионери.Уште една Ви посакувам успешни спортски игри и пријатен престој овде во Калишта,во едн од најубавите и најживописните предели на крајбрежијето на Охридското Езеро.


24.Регионални натпревари ги прогласи за отворени претседателот на Собранието на СЗПМ м-р Илија Адамоски,кој на своето обраќање се заблагодари за дадената доверба,најпрво ја поздрави претседателката на на СЗПМ госпоѓа Станка Трајкова,која беше гостинка и будно ги пратеше спортските пензиоинерски натпревари,како ипретседателот на комисијата за спорт на СЗПМ Здравко Петковски,исто така ги поздрави и претседателите на на здруженијата на пензионери од 8- от регион.Во своето излагање господинот Адамоски истакна 

„Ми причинува посебна чест и задоволство што денес сум дел од овој спортски настан на нашите пензионери од третатата доба која претставува активно стареење на луѓето-корисници на пензија,кои уште еднаш сакаат да докажат и покажат несебично безрезервно не само во спортот што се натпреваруваат,туку општеството треба сериозно да смета на нас пензионерите,бидејќи со нашите активности,искуство и мудрост се уште сме во состојба да придонесуваме сериозен општествен фактор во разрешување на низа општествени проблеми и прашања не само од интерес на пензионерите туку и за сите граѓани на нашата Република.И накрајот уште еднаш срдечно Ве поздравувам и на сите учесници на игрите му пожелувам што подобри резултати и успеси,но не по секоја цена на штета на вашето здравје и повреди.Ве известувам дека игрите ги прогласувам за отворени,заврши Адамоски.

Најдобри резултати постигнаа – пензионерите од Охрид и Дебарца,кој беше и севкупен победник,со 15 први места,Второ место Кичево со 4 први места,на трето место се пласира ЗП Струга со 3 освоени први места и Лабуништа со освоено едно прво место.Овие победници-пензионери спортисти се пласираа за Републичките натпревари кои ќе се одржат на почетокот на септември во Скопје.
Победија подобрите на кои им беа врачени благодарници на здруженијата и поединци што ги врачи Стефан Шурбаноски,претставник и кординатор на комисијата за спорт и рекреација за осмиот регион при СЗПМ.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани