Вевчани неисцрпна инспирација за врвните светски сликари.
Четириесеттина уметници и годинава , по десетти јубилеен пат творат на меѓународната уметничка колонија “Вевчански видувања”, што викендов свечено се отвори со ексклузивен концерт на Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ.
Природните убавини во тивката планинска природа се основниот мотив за врвните ликовни мајстори од различни генерации, култури и сликарски школи.
„Вевчанската колонија, оваа година од странските колеги не ги познавам, меѓутоа од македнските е најјака досега. најверојатно бидејќи е јубилејна десетта, но убавината на оваа колонија не е во природата, природа има и на друго место, не е убавината во нивната лесност и гостопримливост, туку во нивната гордост. Вевчанци се навистина горди луѓе и кога ве сакаат ве сакаат со цело срце. Но јасно е дека треба да им вратите, дали со однжесување, дали со сликите“ кажа Петар Попчев – уметник.
„Ова е сериозна колонија и не сум бил на друго место каде така сериозно се работи.Јас сликам модерни, апстрактни форми, и вистинска инспирација ми е шумата и водата тука, како што реков многу убава е природата тука и секако колегите кои тука сме собрани“ изјави Петар Бељашки- уметник – Пловдив Бугарија.
„Втор пат доаѓам овде и овде се раѓа водата, овде звукот на водата е инспирација за моите слики. Може да видите има некои од минатата колонија. прекрасно место, прекрасни луѓе, прекрасни колеги, се е убаво.Мислам дека е е една од подобрите и тоа во голема мера зависи и од местото и од луѓето кои учествуваат на колонијата“ , рече Ефтим Ристов – уметник Северна Македонија.
На Колонијата, учествуваат уметници од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија, Србија, Полска, Франција, Шведска и други земји. Тие творат низ цело Вевчани. Ги отсликуваат Вевчанските извори, старите традиционални куќи, автентичните порти и прозори, вевчанските сокаци, живописните дрвја во природата и други мотиви.
Организаторите се горди на „Вевчански видувања“. Оваа реномирана манифестација денес е бренд на општина Вевчани.
„Делата кои ќе бидат насликани на Меѓународната колонија во Вевчани се презентираат на изложби во Македонија, низ културнте цвентри, но и во Европа. Со тие изложби ние правиме промоција на самата колонија, Вевчани и Македонија, но и промоција на уметниците и на нивното творештво. Исклучително сме горди на досегашните изложби што ги имаме направено низ Европа и се надевам дека и во иднина ќе продолжиме и со тој тренд“ вели Ефимија Угриновска Кукоска – организациониот одбор на Меѓународната колонија „Вевчански видувања“.
Над 150 врвни уметници изминативе десет години биле дел од уметничката манифестација.
Следните три недели светските уметници ќе творат на Меѓународна ликовна колонија, што по десетти пат се одржува во живописното Вевчани. Уметничките дела родени во падините на Јабланица ќе бидат сместени во каталог но, ќе се организираат и изложби за пошироката јавност. Изминативе години врвните дела од ликовната колнија беа презентирани ширум светските центри Њујорк, Париз и Москва.
ВИДЕО од отворањето на колонијата
Соња Рилковска