54 годишниот охриѓанец добил кривична пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Е.(54) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2018/2019 во селото Горна Белица, на недвижен имот во Горна Белица пријавениот, во својство на инвеститор, изградил објект без одобрение за градење.
