Не стивнува семејното насилство, нов напад врз жена.
Синоќа во СВР Охрид приведен е Љ.Д. (59) од Охрид поради тоа што го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз неговата сопруга на улица „Крали Марко“ во Охрид.
– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..