Општина Охрид доби проект од Европската програма

Oпштина Охрид во партнерство со општина Чепин од Република Хрватска е добитник на грант за реализација на проектот “SUN2EU”, финансиран од Европската програма „ Европа за граѓаните“ (Еurope for Citizens), мерка 2.1 збратимени градови и општини.

 

Проектот е во вредност од 10.080 евра. Во рамки на планираните  проектни активности се предвидува одржување на конференција во Охрид во месец мај на тема: „Европска унија –очекувања и заедничка иднина“, со  учество на претставници од локално заинтересирани страни од општините Чепин и Охрид.

На конференцијата преку панел дискусии посебен акцент ќе биде ставен на важноста од учество на граѓанскиот сектор во креирање на политики на локално ниво и на ниво на ЕУ, презентација на можностите и размена на искуства за социјално и интеркултурно вклучување, како и градење на платформа за идни заеднички проекти помеѓу заинтересираните страни во двете општини.

Ова е прв проект на општина Охрид одобрен во рамки на Европската програма „Европа за граѓаните“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани