30 годишниот охриѓанец си подигнал 73.500 денари.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Р.(30) од Охрид.
– Тој, на 27.07.2020 година одзел „Diners“ картичка сопственост на Н.Р. од Скопје, и на повеќе терминали во Охрид, неовластено извршил 19 трансакции. На тој начин, пријавениот се стекнал со против правна имотна корист во износ од 73..500 денари, соопшти портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.
