Лабуништанец позитивен на Ковид се шетал низ Струга

34 годишниот лабуништанез бил забележан во струшка аптека.

ОВР Струга, поднесе кривична пријава против Д.Д.(34) од струшкото село Лабуништа, со живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Тој, на 23.04.2020 година, иако му е издадено решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за изолација бил забележан во аптека во Струга. Со тоа, пријавениот не ја почитувал одлуката на владата за забрана на движење на населението, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани