Охриѓанец натепал србин

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07 часот на 14.04. до 07 часот на 15.04.2020 година, едно лице во Охрид не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.

Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.

На 14.04.2020 година во 14 часот, во викенд-куќа лоцирана на бул.„Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Р.Б. (41) од Охрид врз С.М.(23) од Република Србија.

-Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 9 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-7, Струга-2). Евидентирани се 4 нови лица во самоизолација, (Кичево-1 Дебар-3) и извршени се 383 контроли врз овие лица (Охрид-44, Струга-198, Кичево-31 и Дебар-110).

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 382 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 202, Струга- 180), кои се сместени во четири сместувачки објекти (Охрид-3, Струга-1). Полициските службеници извршија 60 контроли на угостителски објекти, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде заврши 30-дневната кризна состојба и каде важат истите безбедносни мерки како и во целата држава. Полициските службеници вржат пунктовско обезбедување на влезот во двете општини со контрола врз лица и патнички возила, а без проблем се одвиваат контролите на угостителски објекти и лицата со решение за изолација и самоизолација.

Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана за движење за сите граѓани на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 05 часот наредниот ден. Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани