Мобилните тимови на општина Охрид неуморни херои во корона кризата

Волонтерите на општина Охрид и Црвениот крст, неуморно веќе еден месец на терен.

Во ова време невреме, со корона кризита несебично помагаат на најранливите категории. Општина Охрид , заедно со Црвен крст повторно ја покажаа својата хуманост, но и грижа за своите граѓани. Осум тимови на Црвениот крст рамо до рамо со двата тимови на општина Охрид  беспрекорнио  секојдневно на терен. 

-„Ја покажавме солидарноста и грижата за  сите оние кои треба да седат дома. Оперативци неуморни кои секојдневно се на терен со посебна заштита носат пакети со најпотребни  прехрамбени производи и средства за хигиена кои се доставуваат онаму каде е најпотребно а тоа се најранливите социјално загрозените лица“, велат од општинскиот кризен штаб.

Од 15 март започнаа со работи мобилните тимови на општина Охрид,  кои за еден месец до денес  дистрибуираа преку 800 достави на терен.

 

-„Имајќи ги предвид препораките за заштита и за превенција од корона вирусот Ковид 19, охридскиот Црвен крст во соработка со Општина Охрид, со своите мобилни тимови за поддршка на постари и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица со попреченост и самохрани родители на деца на предучилишна возраст, во текот на изминатиот месец изврши 800 достави“, вели Сашо Точков од Црвениот крст од Охрид.

Социјално загрозените  семејства редовно добиваат  хуманитарни пакети со храна средства за хигиена.

Својата хуманост и грижа ја покажаа и врбаотените од ЈП „Охрдски Комуналец“ кои поделија педесетина хуманитарни пакети. 

„ Сакаме во овај чувствителен период да покажеме дека хуманоста е љубов кон човекот , да се помогне, да се донира, да помогнеме секаде каде што има потреба. “ – вели Стевчо Маслов од ЈП „Охридски Комуналец“. 

Како општествено одговорни се покажаа и охридските функционери на чело со градоначалникот Константин Георгиески. Задржаа за себе по  14 500 ден, а остатокот од платата ја донираа во Фондот за помош на погодените од пандемијата. 

Мобилните тимови се активни секој ден (вклучително и во викенд). Граѓаните на кои им е потребна поддршка од овие тимови, можат да стапат во контакт со Црвен крст Охрид од 8 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:

046 261 909

070 315 309

За неодложни/итни потреби, граѓаните можат да се јават на 13 112 и по 16 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани