Пет нови заразени Охрид, четири Струга

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови: – Скопје-10 – Куманово-27 – Штип-3 – Прилеп-4 – Тетово-5 – Струга-4 – Велес-2 – Охрид-5 – Гостивар-1 – Кочани-3 – Неготино-2 Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. За пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје. Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани