Охриѓанец од предозираност со кокаин завршил во болница

Докторите успеале да му го спасат животот на 29 годишниот охриѓанец.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од Охрид, постоење основи на сомнение дека го сторил кривичното дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги”.
Тој, ноќта на 14.12.2019 година, набавил одредена количина опојна дрога кокаин, која подоцна, пред ноќен угостителски објект во Охрид, му ја понудил на друго лице и му овозможил нејзино користење. Пријавениот, поради предозираност со кокаин, на 15.12.2019 година, во неконтактибилна состојба бил донесен во Општата болница во Охрид, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани