За 24 часа, 69 казни за неносење маски

Полицајците во Охрид напишале 42 казни, во Струга-03, Кичево-15, Дебар-9.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 69 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-42, Струга-03, Кичево-15, Дебар-9).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Портпаролот Димоски информира дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 09 контроли врз угостителски и други објекти.

Social profiles