На 17.05.2018 година во 01.30 часот во Полициската станица Охрид, лицето С.Д. од Охрид пријавил кривично дело ,,уцена“ по член 259 став1 од Кривичниот законик.
Според пријавата, на 17.05.2018 година во 00.00 часот телефонски му се јавил С.И. и му побарал да му даде 5.000 евра или во спротивно ќе објавел недолични работи за неговите ќерки, по што пријавителот му исклучил. Според пријавата, по половина час, пријавителот добил неколку смс пораки со заканувачка содржина и фотографии, по што лицето С.И. повторно го контактирал пријавителот телефонски. За настанот е известен Јавен Обвинител, информираат од МВР.
