Од денеска на Инфективната Клиника како поддршка на нашиот тим доброволно престојува еден наш кардиолог доктор Игор Балески, којшто долги години живее и работи во Универзитетската болница во Марибор со огромно искуство во третман на пациентите на интензивна нега, објави министерот Венко Филипче.
Сакам да изразам голема благодарност до колегата и уверен сум дека неговиот придонес во оваа ситуација навистина ќе биде од големо значење и за пациентите и за членовите на медицинскиот тим на Инфективната Клиника, рече Филипче.
Завршен е увидот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во Велес. На Клиниката на Онкологија се потврдени 8 позитивни вработени на КОВИД вирусот – тројца доктори, три медицински сестри, двајца болничари и 20 контакти се ставени во изолација.
Направенае реорганизација таму каде што е потребно и дополнително на сето тоа до петок ќе биде спремен и новиот распоред за дисперзирано делење на субкутаната терапија. Тоа е терапија која што може да се дава и по Клиничките болници, распоредот на пациенти е веќе направен и таа терапија ќе се дели во Штип, Битола и во Тетово како најголеми болнички установи, заради тоа што таму има и онколози коишто може да го контролираат давањето на терапија, а пациентите нема да мора да патуваат до Скопје. Во петок или најкасно во понеделник таа терапија ќе биде поделена во овие болници.
Нема затворени оддели на Детската Клиника. Има намален број на лежечки пациенти, нема голема концентрација, нема нови позитивни, практично од вработените освен лаборант, медицинска сестра и докторката на имунологија и 26 кои се во самоизолација. ➡ Во однос на информациите во врска со третманот на четиримесечното бебе на Инфективната Клиника демантирам дека третманот не бил соодветен, посебно што јас лично бев вклучен во ова одговарајќи на дел од новинарски прашања во изминатиот период. Визитите и делењето на терапијата се одвива по сите протоколи и секако во координација и практично секојдневна консултација со педијатар којшто конзилијарно доаѓаше на инфективната клиника.
