28 нови случаи на корона во земјава

Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти.

Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: – Скопје -11 – Куманово -2 – Прилеп -9 – Тетово -2 – Велес – 3 – Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259. Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид -19.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани