Струга веќе нема да издава дозволи за движење во полициски час

Општина Струга веќе нема  да  издава дозволи за движење  во полициски час.

Поради бројните барања и веќе издадени дозволи  за достава на храна на локалните  ресторани и маркети  Струга  се оградува. По налог на централниот штаб , струшкиот   штаб информира дека сите барања,  кои пристигнуваат  ќе  ги препраќаат  до Министерството за внатрешни работи и Министерството за информатика.

До општинскиот штаб  деновиве пристигнале рекордни  двесте барања за движење во текот на полицискиот  час.

– „Имаше  голем број на барања, имаше за времето на полицискиот час многу повици. Бараа луѓето да се движат за најразлични причини, мислејќи дека ние сме во состојба на секој да му одговориме и да им дадеме дозвола А ние  не можеме полицијата ги даваше ние ги пренасочивме“,  вели Дашмир Насуфи од Кризниот  штаб на општина Струга.

Големиот број на барања од страна на стружани е злоупотреба  за движење во текот на забраната, која е воведена за спречување на ширењето на корона вирусот.  Најчест изговор им било туѓа нега и земјоделски потреби.

–„Би рекол дека некои навистина имаа потреба, но  штом беше толку голем бројот сигурно некој и го злоупотреби. Ние не можеме да ги конторлираме ниту можеме да кажеме не или да. Ние сме еден мал штаб што гои пчитува насоките на Централниот штаб’,  додава Насуфи.

Општинските кризни штабови даваа дозволи за  достава на храна и основни продукти.  За разлика од Струга, каде се издадени 40 дозволи на маркети и ресторани  во Охрид  се издадени   28 . Од денес општинските штабови  не смеат веќе да издаваат  нови дозволи.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани