Охриѓани бараат што поскоро да се изгради долгонајавуваната марина.
Каналот Студенчишта станува претесен за пловила, а секоја година расте бројот на пловни објекти во Охридското езеро.
-„ Марина морат да се направи, неподнослива е веќе состојбава и што поскоро треба да се реши. Каналот при секое помало невреме е полн со бродови, а секоја година има се повеќе пловни објекти кои најчесто се користат за гостите и тие морат да имеаат паркинг. Секој ќе морат да си платит за паркирање и финансиски ќе се поткрепи работењето на марината, плус ресторан и друга интересна програма да се осмисли, вели Љупчо Стојкоски Лепи од Охрид.

Проектот за марина е изработен, но остана локацијата. Според едни марината е убаво да се изгради кај старото градско пристаниште, според други кај езерската полиција, а според трети во населбата Грашница.
-„Само „Грашница“ е конечната локација кај шо треба и мора да се гради марината, која е пристапна, рентабилна, од временски услови најоптимално заштитена и блиску до пристаништето. Се друго ќе е привремена локација која нема да одговара на потребите на пловидбената инфраструктура“!, смета Стојкоски.
