Охриѓаните Марко, Ирена и Горан-добитници на „Златна Бубамара“

Младиот пливач Марко Пејчиноски и актерите Ирена Ристиќ и Горан Стојаноски, се добитници на годинешната „Златна Бубамара“.

Младиот пливач Марко Пејчиноски, Златната Бубамара ја доби за спортски подвиг на годината. Пејчиноски е херојот кој, во август лани, на 12 годишна возраст и со нарушено здравје, на големиот православен празник Голема Богородица, успеа по осум часа да го преплива Охридското езеро. Марко успеа, да им покаже на сите дека и малите можат да постигнуваат големи успеси.Телевизиски актер на 2018, е охридскиот актер Горан Стојаноски, за улогата на инспектор Томе во исклучително популарната серија „Преспав“. Актерка на годината 2018 и добитничка на „Златна Бубамара“ е охридската ктерка која живее и работи во Скопје, Ирена Ристиќ. Најпопуларната манифестација „Златна Бубамара“ на популарноста се одржи вчера во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани