Таа постирала недолични коментари.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ , СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Б.(31) од Охрид. Таа, во периодот март-април 2020 година, преку компјутерски систем, на една социјална мрежа постирала недолични коментари на веќе поставена објава, со што ширела ксенофобичен материјал, поттикнала омраза, одобрувала и повикувала на насилство на жени и друг вид на омраза.
