Загрозување на сигурноста во полициски час во Струга

Татко и ја загрозил сигурноста на својата ќерка.

Во текот на изминатото деноноќие (09/10.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-2, Струга-6). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 09.05.2020 година во 20 часот, на улицата „Пабло Неруда“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со карање и загрозување на сигурноста извршено од Ф.Ш.(52) кон неговата ќерка С.Ш.(34), двајцата од Струга. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во истиот период, не се пријавени и регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.
– На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 20 контроли врз лица во изолација и 39 контроли врз лицата во самоизолација (Охрид-19 Струга-12, Кичево-7, Дебар-1). Во истиот период, полициските службеници извршиле 75 контроли на угостителски и други објекти, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани