Опаѓа водостојот на реката Црни Дрим

Водостојот на Црн Дрим е речиси петпати понизок од октомврискиот просек.

Речиси петпати е понизок водостојот на Црн Дрим од октомврискиот просек, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.Под просекот за октомври е и нивото на реката Вардар кај Демир Капија, а малку под октомврискиот просек се и водостоите на Пчиња и Брегалница кај Штип.Кај езерата нема поголеми отстапувања во однос на просекот за октомври. Најмногу отстапува Дојранското езеро кое е за три сантиметри повисоко од просекот. Охридското езеро не бележи значителни аномалии во водостојот а Во 2013 година нивото на водата во езерото се искачи над критичната кота од 694 метри надморска височина што предизвика поплави по течението на Дрим и на одредени критични точки долж крајбрежјето.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани