Опожарен скутер на плажа во Охрид.
На 22.07.2022 година во 07.24 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на скутер на плажа на Охридското крајбрежје во кој нема повредени лица. Од извршениот увид констатирано е дека скутерот марка „баотијан“ е во сопственост на Д.В.(49) од Охрид. По наредба на Јавен обвинител скутерот е подигнат за понатамошна постапка.