Општина Охрид на четврто место со најдобри остварувања на антикорупциските перформанси во јавните набавки

Општина Охрид е рангирана на четврто место во земјава, со најдобри остварувања на антикорупциските перформанси во јавните набавки.

На прво место е Општина Кавадарци, со 70 %, по што следуваат општините Велес и Пробиштип, со 66 % , а потоа општина Охрид со 64% ниво на остварување на антикорупциските перформанси. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации и овие општини се со средно ниво на остварување на антикорупциските перформаси. Ниту една општина во земјава нема остварување на антикорупциските перформанси над 80 % за да влезе во зелената зона со високо ниво. Поголем дел од општините, односно дури 43, како и Градот Скопје, се со ниско ниво на антикорупциски перформанси во јавните набавки.

На дното, со 31 проценти остварени перформанси се Кратово и Гостивар, Дури 12 општини немаат ниту еден вработен со положен испит за лице за јавни набавки, што е во спротивност со Законот за јавни набавки, се посочува во анализата. Воочени се и големи разлики во оптоварувањата на вработените кои вршат работи од областа на јавните набавки. Во Општина Берово еден вработен спроведува 66 тендери годишно, а во Лозово и Арачиново по само 2 тендери. Охрид високо котира и по бројот на врабтени во областа на јавни набавки. Најголем број вработени кои вршат работи од областа на јавните набавки има Град Скопје, со 13 вработени, од кои 10 имаат положен испит. Следуваат општините Чашка, со 8, и Охрид, со 7 вработени.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани