Општина Охрид објави јавен повик за користење на туристички инфо центар

 

Општина Охрид објави јавен повик за користење на туристички инфо центар.

Предмет на јавниот повик е пројавување на интерес за користење без надоместок на недвижен имот – урбана опрема културно – информативен киоск туристички инфо центар лоциран на КП. Бр.16514 КО Охрид 3, со вкупна површина од 5,33 м2 поставен согласно одобрението бр. 19-115/2 од 07.03.2022 год., со намена за користење на објектот во насока на обезбедување информации за опслужување на туризмот и посетителите на Охрид со времетраење од 3 години. Користењето на Инфо центарот да биде исклучиво некомерцијално (без остварување на профит) , а со цел промоција на туристичките вредности и производи на Охрид, давање информации од областа на туризмот, културата, спортот и слично. Да вршат информирање за различни настани и манифестации, да дистрибуираат промотивен материјал за туристички содржини и сл. Во никој случај не е дозволено: продавање на добра и услуги, дирекно посредување при продажба на добра и услуги и било какви други активности кои во објектот би генерирале профит.

Повеќе инфо тука

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани