Посебен режим на сообраќај на подрачјето на СВР Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од 16 до 18 јуни 2022 година, поради реализација на самитот „Преспа форум дијалог 2022“ што се одржува во Охрид, на подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки со цел зголемување на степенот на мобилност во обезбедување на делегациите.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред с? по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила и каде се врши непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности.
Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.
Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Social profiles