Општината ги тужи охридските плажи

Четири охридски плажи заработија тужби. Општината ќе ги изведе на суд фирмите и сопствениците,   кои стопанисуваат со плажите „за  стекнување без основ“.

 

Поведена е постапка, се чекаат судски рочишта,  официјално потврдија од општина Охрид за телевизија ТВМ.

Тужби добија најатрактивните плажи во близина на градот  за кои пред  две и пол години  беше поништено јавното наддавање за концесија. Истите се заглавени во судските лавиринти.

Градоналникот Константин Георгиески уште во октомври во емисијата Прашалник најави дека ќе се бара решение општината да ги преземе плажите.

-„ Единствен спас за тие објекти е да престанат со работа и да платат долговите. Платфромите ќе мора да се отстранат, но ќе направиме се` да ги зачуваме објектите. Ќе изнајдеме начин општината да ги преземе тие објекти,да ги конфискуваме ,  а потоа да ги реиздава за повторно стопанисување, само да не ги уриваме“, рече Георгиески во емисијата Прашалник.

За останатите плажи  побарана е  информација од  Државниот пазарен инспекторат и УЈП  за да се откријат  сопствениците и фирмите,  кои стопанисувале, по   што ќе следуваат тужби за сите.

– „Има податоци од кои самиот јас се изненадив.  Во однос на сите тие плажи кои периодот наназад функционираат без никакви договори уште од 2012 година. Тоа се добир 6 седум години и рбаотат на диво и никој не постапил да ги заштити интересите на општината. И не е смао општината тука во алката на функционирање на еден систем тука е пазарна инспекција, трудова инспекција, тука е и  УЈП  така да мора да има координираност во однос на решавање на проблемот со плажите. Блиските плажи во градот се само две години без концесија. Тоа се невидени пропусти изминативе години не сум само јас виновен“, вели Константин Георгиески градоначалник на општина Охрид. (Архивска изјава 21 Октомври 2019 година) 

Проблемот со концесиите на охридските плажи се провлекува со години. Иако министерството за транспорт и врски најави одземање на ингеренциите на општините до ден денес тоа не се случи.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани