Општина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење.
Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:
– Локации за поставување урбана опрема за продажба сувенири;
Локациите за продажба сувенири се наоѓаат:
– На ул.,,Македонија“ – локации бр. 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8
Продажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги со димензии 2.00х1.00 м.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2018 година.
– Локации за поставување урбана опрема – фрижидери за продажба сладолед
Поставување фрижидери се предвидени на следните локации:
– по должината на кеј „Македонија“ – локација бр.13
– во село Лагадин – локации бр. 15, 16 и 17
На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од програмата за поставување урбана опрема за 2018 година
-Локации за поставување урбана опрема за продажба храна
Поставување урбана опрема за продажба храна е можно на следните локации:
– на кеј ,,Македонија“ –локација бр.11
Продажбата на храна ќе се извршува на просторсекојсо површина 4м2.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2018 година.
-Локации за поставување урбана опрема за продажба сувенири;
Локациите за продажба сувенири се наоѓаат:
– На патеката од Самоилова тврдина кон Плаошник – локации бр.17, 18 и 19
– На плоштад Крушевска Република (Чинар) – локации бр. 20, 21 и 22
– На пешачка патека од канал Студенчишта кон хотел Парк – локација бр.23
Продажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги со димензии 2.00х1.00 м.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2018 година.
– Локации за поставување урбана опрема за продажба уметнички слики
Локациите за продажба уметнички слики се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта – локација бр. 1 и 7 .
Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на простор секој со површина 4м2.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2018 година.
Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) денови.
7. Почетна цена за издавање на локација е:
– локација за поставување 2 фрижидери за продажба сладолед со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно;
– локација до 4 м2 за продажба уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;
– локација за продажба сувенири на унифицирани тезги од 2 м2 со почетна цена 3.000.оо (триилјади) денари/месечно;
– локација до 4 м2 за поставување урбана опрема за продажба храна со почетна цена од 5.000.оо денари/месечно.
7.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.
7.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.
7.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
7.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,50 (седумденариипедесетдени) од м2 дневно.
7.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка 3.1, 4.1, 4.2, 4.3, 5.1, 5.2 и 5.3 ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) денови.
7.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и заштита на животната средина.
Обрасци за аплицирање на огласот ТУКА
