Оружје и муниција пронајдени кај стружанец

Стружанецот ќе добие кривична.

На 19.07.2019 во 02.30 часот, врз основ на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на С.Л.(53) од Струга.
При претресот пронајдени и одземени се воздушна пушка „ГАМО Делта Фокс“, ловна пушка „Застава“, 50 куршуми калибар 7,65мм; 22 малокалибарски куршуми; осум патрони калибар 7,6мм; пет патрони калибар 8,5мм; еден куршум непознат калибар, мобилни телефони и три кутии со алат за насилно обивање на врати. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани