ОСБСП Охрид: Да го намалиме сообраќајниот метеж во градот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, ги повикува охриѓани на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички автомобили пред се во центарот на Охрид.

Така, сметаат од Советот, охриѓани ќе придонесат во намалување на сообраќајниот метеж и кон понормален сообрќај низ охридските улици. Зголемениот број на туристи и зголемен број на патнички и други моторни возила во Охрид, деновиве предизвикува исклучително интензивна сообраќајна фрекфенција,посебно во централното градско подрачје. Поради тоа, до граѓаните-жители на Охрид, апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички автомобили.
-Како општински Совет за безбедност во сообраќајот, ги замолуваме нашите сограѓани, своите патнички моторни возила да ги користат при крајни и неодложни потреби и крајно рестриктивно да ги користат возилата, пред се во централното градско подрачје. Со тоа, најдиректно ќе го дадеме својот придонес кон намалување и елиминирање на сообраќајниот метеж во градот, ќе се избегнат застоите во одвивањето на сообраќајот и значително ќе им се помогне на полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во нивните напори за одржување на беспрекорен сообраќај во шпицот на овогодишната туристичка сезона. Секако, на тој начин ќе ја манифестираме и нашата сообраќајна култура и совест со што, и на тој начин ќе им покажеме и добредојде на домашните и странските туристи кои деновиве се поинтензивно доаѓаат во нашата туристичка матропола, вели м-р Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.


Воедно, од Советот ги повикуваат сите учесници во сообраќајот на внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи, со што значително ќе ја подигнеме сообраќајната превенција и севкупната сообраќајна безбедност во Охрид. На овај начин, вели претседателот Димоски, сакаме да придонесеме и за намалуваме на ризиците во сообраќајот и на можностите за сообраќајни незгоди, да ја подигнеме сообраќајната култура и јавната свест кај сите категории учесници во сообраќајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани