Отворен ден на граѓанските организации

Македонскиот центар за меѓународна соработка и Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ, Гостивар во рамките на проектот ՛՛Граѓански ресурсен центар՛՛, организираат отворен ден со граѓанските организации во Охрид во петок, 25 октомври, во 12:00 часот во салата на општина Охрид, која се наоѓа веднаш до малата сала, од лева страна.

Оваа средба е дел од Мобилниот ресурсен центар, a истата е организирана во соработка со здружението за мултикултурна интеграција, ՛՛Инклузија՛՛, од Охрид. Планирано е средбата да трае околу 2 часа. Целта на средбата е да се информираат локалните организации за Граѓанскиот ресурсен центар и можностите што ги нуди центарот. На средбата организациите подетално ќе се запознаат со стратешко планирање и генерирање на фондови. Во вториот дел од средбата ќе се отвори дискусија за предизвиците на организациите на локално ниво како и за нивната запознаеност со телата и иницијативите на национално ниво поврзани со овозможувачко опкружување за ГО. Ве молиме да го потврдите вашето учество на средбата, најдоцна до 24 октомври на: info@rcgo.mk Проектот ՛՛Граѓански ресурсен центар՛՛е финансиран од Европската Унија, а го спроведува МЦМС во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани