Полициската канцеларија ќе работи од 11 до 19 часот.
Со цел зајакнување на партнерскиот однос со граѓаните, излегување во пресрет на нивните потреби од безбедносен карактер и навремено решавање на безбедносните предизвици и состојби, СВР Охрид, за работа ја отвори полициска канцеларија во населбата Пештани.
– Полициската канцеларија се наоѓа во близина на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, истата ќе биде отворена секој ден во времето од 11 до 19 часот. Во овој временски интервал, граѓаните од Пештани и околните населени места ќе можат да остварат директен контакт со полициските службеници и непосредно да поразговараат за одреден безбедносен настан, да изнесат свои ставови за подигнување на степенот на безбедноста на подрачјето и да добијат навремена и точна информација што е предмет на нивниот интерес, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.