Францускиот амбасадор во посета на Охрид

Во рамките на посетата на општина Охрид, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние имаше средба и со претставници на невладините организации.

Претставниците на невладините организации го информираа амбасадорот Тимоние за нивните активности поврзани со заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридското Езеро.

Амбасадорот Тимоние рече дека за надминување на проблемите околу заштитата на природното и културното наследство задолжително треба да се вклучи граѓанскиот сектор, кој треба да биде и учесник во донесувањето на одлуките во оваа област.

Председателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска , денеска имаше протоколарна средба со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. На средбата се разговараше за досегашната и можноста за продлабочување на идната соработка.

Амбасадорот Тимоние, покрај другото, потенцира дека без разлика каква одлука ќе  биде донесена на конференцијата на УНЕСКО во Баку,  неговата земја во иднина ќе ги подржува сите напори кои ќе бидат насочени кон заштитата на природното и културното наследство на  Охридскиот регион.

Инаку амбасадорот во текот на вчерашната посета на Охрид оствари средба и со и со Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и Митре Милошевски, кандидат за градоначалник од нашите редови на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид.

-„Во пријателска и конструктивна атмосфера беше разговарано на повеќе теми од кои би издвоиле две, на кои се осврнавме со посебно внимание.
Прво, поразговаравме за текот на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид, на кои победи кандидатот на нашите политички опоненти. Се осврнавме на одредени појави кои се’ уште претставуваат предизвик за нашите изборни процеси и можностите за елиминирање на појави кои го компромитираат овој највисок демократски чин.
Друга значајна тема на која подолго се задржавме, се секако, настаните поврзани со можноста да добиеме статус на загрозено природно и културно светско наследство наредниве денови во Баку. Констатиравме дека препораките кои ги добивме пред повеќе од една година треба најсериозно да се сфатат и најдоследно да се импламентираат. Предочивме на нашата загриженост заради многубројните активности и состојби кои сериозно го загрозуваат како езерото и природата, така и автентичноста на Охрид и неговото културно наследство. Импресионирани сме од степенот на информираност на амбасадорот Тимоние за состојбите во нашиот и светски бисер Охрид. Изразивме благодарност за заинтересираноста и желбата да добиеме помош во справување со овој, во моментот најголем предизвик за градот.
ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и во иднина ќе ја користи секоја можност за конструктивни средби со претставници на дипломатскиот кор и други истакнати членови на меѓународната заедница на кои ќе ги афирмираме своите заложби за развиен, просперитетен и космополитски Охрид со зачувано природно и културно наследство“, информираат од ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани