Започна Охридската школа по природно право

Охридската школа по природно право започна во ”Куќата на Уранија”.

Во Научно-уметничкиот центар „Куќа на Уранијa” во Охрид, денеска започна трдиционаланата, петта по ред, Охридска школа по природно право. Школата, која е дел од традиционалната манифестација – „Научната и уметничка визита на МАНУ – Охрид 2019, ќе трае до 7 јули а централната тема е „Предизвиците во реформата на правниот, политичкиот и безбедносниот систем во Република Северна Македонија“. На отворањето, за важноста и потребата од функционална правна држава, како неопходност за остварувањетом на граѓанските права и слободи, говореше Челси Шинор, правен советник на Амбасада на САД Скопје. Поздравно обраќање имаше и академик Таки Фити, претседател на МАНУ, додека во името на Владата, на отворањето се обрати и учесниците ги поздрави Арбер Адеми, министер за образование и наука. Останатиот работен дел се одвиваше под ментортсво на академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ. Школата ќе се одржува до 7 јули, со излагања на врвни експерти од областа на правото, економијата и науката од земјава и регионот, а се очекува и обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Social profiles