Понеделникот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се отвори хуманитарната изложба на Александар Илиевски, „Биди вода“.
Пред присутните беше претставена неговата четиригодишна работа, а циклусот „Биди вода“, претстави една постапокалиптична верзија на светот обогатена со научно фантастични елементи.
-„Сликите ќе бидат изложени на Универзитетот до петок, 10.06.2019. Продажбата има хуманитарен карактер , собраните средства ќе бидат наменети за помош на Мила Димоска и Мартин Стојаноски“, информира организаторот на изложбата.
Мотивациите за творбите произлегуваат од зачувување на природата и нејзините ресурси, климатските промени, пост апокалиптика, научна фантастика, романтика.