Охридската гимназија трето место на конкурсот за филозофски есеј

Оваа година по деветти пат се одржа Филозофскиот Филмски Фестивал со веќе традиционалната средношколска видео лектира.

Средношколската видео лектира го прикажа култниот филм на Виторио де Сика „Чудо во Милано“ (Miracolo а Milano / Miracle in Milan, 1951) како инспирација за учениците од повеќе гимназии низ Македонија кои ќе размислуваат за филмот низ предложената тема: „Homo homini lupus est: Колку чини една насмевка?“. Во рамките на едукативната програма на ФФФ учестуваа 24 гимназии, меѓу кои и охридската  гимназија.

-„Ученичката Марија Танеска го освои третото место на конкурсот за филозофски есеј. Други ученици кои учестуваа се: Кристина Јанеска, Теодора Пазаркоска, Елена Каневче, Марина Климоска, Maртина Климоска, Катерина Мирческа, Ангела Крлеска, Андреј Павловски, Ивона Сиљаноска, Димитар Смилески. Учениците учествуваа под менторство на проф. Јане Богоески“, информираат од охридската гимназија „Свети Климент Охридски“. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани