Целта е да се подобри сообраќајот во овој дел од Охрид.
Во големата сала на општина Охрид, денес – 9.05. 2019 година (четврток), со почеток во 18 часот, ќе се одржи трибина за режимот на сообраќајот во стариот дел на Охрид за време на летната туристичка сезона.
–„Целта на трибината е да се разменат мислења за летниот режим на сообраќај во овој дел на градот кој ќе биде прифатлив за граѓаните, станоиздавачите и туристите“ , информираат органзиаторите.