Охрид домаќин на 9 то Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица.
Вчера попладне официјално беше отворено , Шаховското Светско ,првенство каде ќе настапат 16 репрезентации од светот со стоипедесетина шахисти и веле мајстори.
Во следните седум денови се очекуваат интересни и незаборавни партии помеѓу шаховските мајстори. Фаворити на годинешното првенство се Украинците, кои покрај војната успеаа да земат учество на ова значајно првенство.
-„ Моментално нашите се рнгирани на 10 место е сега ќе се трудиме да го подобриме рејтингот. 0200 Успеавме да контактираме н некој начин со украинците тие ќе им плати ИПСА дел ние ќе ги сносиме трошоците бидејќи таква е ситуацијта со Украина. Тие се едни од фаворитите за освојување на прво место, вели Благоја Мишовски претседател на Национлна спортска федерација на Р С.М.
Шахот претставува своевиден симбол за животот, за животните борби и искушенија. Ова светско првенство ќе придонесе за дополнително афирмирање на шахот во нашата земја и ќе биде дополнителен мотив за сите кои рекреативно или професионално се врзани за оваа древна игра, напиша претседателот Пендаровски во својот поздравно писмо до шахистите.
-„Шаховската игра во Македонија е тренд. Досега сме имале и претходно организација на еден ваков голем настан ова е втор настап. Деветто светско првенство голема шанса за нашите шахисти лепи и слабовидни лица, да покажат еден добар резулатат со оглед на тоа што месеци претходно имавме два подготвителни кампа. Еден во Неготино и Берово. Еве пред самиот настап кога треба да го презентираме она во што сме најдобри“, Трајко Недев селектор на репрезентацијата на слепи и слабовидни лица на Р.М.
Ова е 9 то Светско првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица, но втор настан од светски калибар во земјава. Имено во 2017 година земјава беше домаќин на Олимпијадата во шах кога македонската репрезенатција се пласира на 13 то место.
Новинар Соња Рилковска