Утврден стартот на работите за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан

Утврден стартот на работите за  автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан.

 

На 55 тата  седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за одржаната втора седница на Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење на Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10  (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, на којашто е формиран тимот за експропријација предводен од Министерството за финансии и во којшто се вклучени претставници за ефикасно спроведување на овој процес.

Согласно оваа информација, Владата го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта во рок од 10 дена да формира Проектна единица за спроведување на проектот, којашто е предвидена со Договорот за градба со стратешкиот партнер „Бехтел и Енка“ за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола).

Почетокот на работите на овие автопатни правци е предвиден за август и септември оваа година, информираат од прес службата на Владата. 

Social profiles