После една деценија реконструиран градскиот базен во Охрид

После 10 години конечно реконструиран градскиот базен „Атина Бојаџи“.

Санирани и исфарбани  се коритата  на олимпискиот  и детскиот базен.  Уредени се и трибините кои беа во распаѓање. Во понеделник се планира отворање на отворениот базен и отпочнување со работа.

Најважно е што ќе стартуваат со работа пливачките школи за млади.

-,На 04 јули понеделник планирано е отворање на пливачкиот базен. Ќе биде заедно со пливачките школи, ние ова го правиме првенствено за пливачките школи да може да тренираат бидејќи пливањето е еден од најдобрите спотови за развој на нашите деца.Охрид порано бил расадник на млади и успешни пливачи“, вели Теодор Андоноски директор на ЈП „Билјанини извори“.

За прв пат после 20 години Охрид ќе биде домаќин на Државно првенство во пливање, на кое покровител е општина Охрид.

„Од 15 до 18 јули ќе се организира првенство со што ќе настапат најдобрите пливачи од Македонија, за сите генерации. На тоа првенство ќе можат да остваруваат резултатите кои во иднина ќе може да ги користат за добивање на стипендии и тајминзи за настапи на европски и светски првенства“, додава Андоноски.

Во јули отворениот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин и на Мегународен митинг на кој ќе настапат пливачи од Србија, Бугарија и Македонија, во организација на Пливачкиот клуб „Аква спирит“.

Реконструкцијата на базенот е инвестиција на општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“, следната година ќе има дополнителни инвесиции во уредувањето на просторот околу базенот.

ВИДЕО:

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани