Ова е ентузијазам: Има осумдесет години и учи во основно училиште

80-годишниот Мехмет Исиклар од турскиот град Сивас во 1947 година заврши четиригодишно основно училиште, а сега, заедно со врсниците од своите внуци упорно настојува да го комплетира барем своето основно осумгодишно образование.

 

Мехмет Исиклар веќе три години вонредно полага предмети од осново, осумгодишно образование. Досега има положено 12 предмети и нема намера да се откаже во обидот да го заврши своето основно образование.

“Се образувам во својата 80-та година. Образованието не познава старосна граница. Нашата младина не треба само да шета по улици и залудно да го троши своето време”, порачува Мехмет.

Во разговор со новинар Мехмет раскажува како неговата сопруга починала пред седум години и дека учењето му помага полесно да ја поднесе и издржи самотијата. Признава дека најголем проблем му претставува учењето на англискиот јазик во што му помага и неговата внука.

“Одлучен сум во намерата да завршам основно училиште незвисно од тоа колку време ќе ми биде потребно. Мислам дека поради мојата старост нема да стигнам да запишам гимназија, но ова сигурно ќе го завршам”, порачува Мехмет.

Извор:fakulteti.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани