Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск утрово пристигна на скопскиот аеродром.
Со високи почести беше пречекан од страна на претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и други министри и високи претставници.
По церемонијата на аеродромот заедно се упатија во претседателската вила на Водно, каде ќе се одржат официјалните средби од посетата.
Потоа на плоштадот „Македонија“ поглаварот на римокатоличката црква ќе одржи света литургија за верниците.