Во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид од 9-12 мај 2019 година во организација на Институтот за правно-економски истражувања и едукација IURIDICA PRIMA ќе се оддржи 5-тата Јубилејна Меѓународна научна конференција ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРАВОТО – 2019 насловена:„Злоупотреба на правото и „ненормалното“ право наспроти владеење на правото“.
Конференцијата е посветена во чест на животот и делото на големиот правник, оратор и цивилист, Академик Проф. д-р Слободан Перовиќ – основоположник на Копаоничката школа на природното право. Професорот Слободан Перовиќ беше професор на Правниот факултет на Универзитетот во Белград; шеф на катедрата по граѓанско право; Претседател на Научнотото друштво на Србија; член на Меѓународната трговска арбитража, Уредник на списанието „Правни живот“ и „Научни преглед“; Претседател на уредувачкиот одбор на Библиотеката класика на југословенското право; Главен уредник и издавач на „Општа енциклопедија на правото“. Беше автор на голем број на учебници, книги и монографии.
Професорот Слободан Перовиќ беше голем пријател на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и беше надворешен член на Комисијата за изготвување на Граѓанскиот законик. Почитувајќи го неговото дело и светла памет, кои оставија голем белег во правната наука на овие простори, на Конференцијата ќе земат учество 120 учесници (професори, асистенти, докторанти, судии, адвокати, нотари, извршители, стечајни управници, правници од стопанството) од осум држави и ќе бидат презентирани 80 научни и стручни трудови.
Конференцијата ќе ја отвори и најави претседателот на Институтот IURIDICA PRIMA, проф. д-р Ангел Ристов. Воведен збор за темата на Конференцијата, која во последниве години стана многу актуелна и присутна појава, ќе даде истакнатиот професор по уставно право проф. д-р Светомир Шкариќ. За животот и делото на професор Слободан Перовиќ ќе говори доајенот на македонското облигационо право проф. д-р Гала Галев, Претседател на Комисијата за изготвување на Граѓанскиот законик. Поздравен говор ќе оддржи проф. д-р Горан Коевски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
На Конференцијата свечено ќе се обрати и НЕ амбасадор на Република Србија во Република Северна Македониј, г-ѓа Душанка Дивјак Томиќ.