Парализатор и нож се пронајдени кај гостин во кафе бар.
Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, утрово во 01.10 часот, при извршена контрола во угостителски објект во Охрид, полициски службеници, кај З.Ш.(41) од Охрид пронајдоа и одзедоа нож и електричен парализатор.
– Се превземаат мерки за расчистување на случајот, изјави портпаролот Димоски.